ВИЛА ФИЛОКСЕНИЈА – ВРАХОС
Villa Philoxenia се состои од два објекта кои се наоѓаат во близина на плажата од левата страна на Врахос, гледано во правец кон Превеза и Лефкада. Вниманието на гостите го привлекува со нејзиниот современ изглед, пространиот и со зеленило збогатен двор, како и со убаво уредените единици за сместување. Сите единици се карактеризираат со посебни спални соби, дневни соби до каучи на отворање, мини кујни, тоалет и балкони со гарнитури за седење. Близината до големата плажа, како и до останатите содржини во ова попознато туристичко место, вилата Филоксенија ја издвојуваат како квалитетен објект за престој во текот на летната сезона. Евентуалната потреба за паркинг е можна во непосредна близина на објектот.
|
ЦЕНОВНИК ПО ЛИЦЕ – 7 НОЌЕВАЊА СО ПРЕВОЗ
10% попуст за резервации до 31.03.2024
Период на престој: 25.05-22.06 и 14.09-28.09.2024
Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ЦЕНОВНИК ПО СОБА – НАЕМ ЗА 7 НОЌЕВАЊА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ
10% попуст за резервации до 31.03.2024
Период на престој: 25.05-15.06 и 14.09-28.09.2024
Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
Време на поаѓање
- Цена на повратен автобуски превоз: 70 EUR (50 EUR за дете 2 до 12 год.)
- Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во 00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар "Борис Трајковски")
- Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Градско, во 01:10 ч. (патарина Градско)
- Росоман, во 01:20 ч. (БП Црна Река петрол 1)
- Прилеп, во 02:15 ч. (БП Лукоил)
- Битола, во 03:15 ч. (паркинг кај спортска сала)
- Поаѓање од Грција:
- Истиот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.