Destination

icons
Ноќевања
Лето 2027 7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Касандра (Прв Крак), Неа Флогита

Куќа “Makis” – Неа Флогита

20 % попуст на вонсезонски цени и 25 % попуст на сезонски цени за резервации заклучно со 05.12.2026 (сабота) за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота)

 

НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбани градови во областа Халкидики.

Куќа “Макис” е лоцирана на главната улица кај фудбалското игралиште во Неа Флогита, на само 50 метри од прекрасната плажа и 100 метри од центарот на местото и е идеална за семејства со деца. Располагаме со 3 четирикреветни квалитетни мезонети на високо приземје кои имаат делумен поглед море. Секој мезонет располага со комплетно опремена реновирана кујна, ТВ и сопствен тоалет. Wi-Fi, клима уред и сет пешкири се вклучени во цената. Мезонетите имаат сопствени тераси и одличен нов мебел. Паркингот е обезбеден пред куќата. Во близина на куќата има пазар на 70 метри, пекара на само 20 метри додека најблискиот голем супер маркет е оддалечен на најмногу 50 метри.

1/4 мезонет бр. 1 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.

1/4 мезонет бр. 2 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.

1/4 мезонет бр. 3 – високо приземје. Мезонетот е наменет за 4 лица, има два француски кревети, еден во кујната и еден на катот. Располага со комплетно опремена кујна, тоалет и сопствена тераса со поглед на улица и море, ТВ, Wi-Fi.

  1. Вонсезонски  цени
Термин Ноќевања 1/4 мезонет  задолжително плаќаат 2 лица
16/05-23/05 7 109
23/05-30/05 7 119
30/05-06/06 7 189
06/06-13/06 7 199
13/06-20/06 7 269
20/06-27/06 7 289

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице

(задолжително плаќаат 2 лица)

Цените означени со * се ПРОМО цени, на иститите не следува попуст и не се одбива превоз

 

  1. Сезонски  цени
Термин Ноќевања 1/4 мезонет
27/06-04/07 7 649
04/07-11/07 7 689
11/07-18/07 7 739
18/07-25/07 7 739
25/07-01/08 7 799
01/08-08/08 7 799
08/08–15/08 7 799
15/08–22/08 7 739
22/08-29/08 7 739

Цените во табелата се однесуваат за наем на мезонет за 7 ноќевања без превоз

  1. Вонсезонски  цени
Термин Ноќевања 1/4мезонет

задолжително плаќаат 2 лица

29/08–05/09 7 299
05/09–12/09 7 269
12/09-19/09 7 189
19/09–26/09 7 109

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице

(задолжително плаќаат 2 лица)

Цените означени со * се ПРОМО цени, на иститите не следува попуст и не се одбива превоз

 

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ :

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА МЕЗОНЕТ ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ
  • Во вонсезонските цени во мезонет плаќаат минимум 2 лица.
  • Во мезонет дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можeда се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио / апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Just Travel НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Just Travel“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже  аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Време на поаѓање

Превоз:

  • За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45евра)
  • За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Just Travel“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Место на поаѓање:
  • Скопје – хотел ‘Russia’
  • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
  • Велес - БП Макоил
  • Неготино – БП Макпетрол Неготино
  • ГП Богородица