Destination

icons
Ноќевања
10 Дена
icons
Вид на превоз
Автобуски
Празнични патувања

СИЦИЛИЈА 09.09-18.09.2024

СИЦИЛИЈА-БИСЕРОТ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈУГ

Летување на најубавите плажи на Јонското и Тиренското Море

Катанија-Етна-Таормина- Сиракуза-Островот Ortigia-Чефалу- San Vito Lo Capo-Ериче

(09.09.2024-18.09.2024)

Земја на митови и легенди, чудовишта и богови… Земја на раскошно културно наследство и природни богатства…На листата на желбите на сите освојувачи… Под будното око на застрашувачкиот и воедно восхитувачки вулкан Етна… Легендата вели дека кога Господ го создавал светот, шестиот ден бил задоволен од тоа што го направил и спуштил бакнеж на земјата… токму на тоа место денес е Сицилија! Убавината на Сицилија не може да се опише, таа треба да се доживее… Ако на островот не Ве привлече неговата историја, приказните за мафијата ниту шармантните Сицилијанци на кои три работи им се најважни во животот: храната, фудбалот и жените, тогаш тоа нека биде најубавиот сладолед на светот… Без оглед на се` што сте читале за Сицилија,  кога ќе ги отворите очите за нејзината убавина, таа ќе Ве разоружа со својот шарм… посебна, дива, возбудлива, сурова и магична… Најпосакуваната летна резиденција на царевите, аристократите и банкарите!

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………699 евра (43.340 денари)

(плаќање во денарска противвредност) 

Напомена: Цена на аранжманот за сместување на бродот во внатрешни кабини –76евра (47.680 денари)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Превоз со брод на релација Драч-Бари-Драч

– Превоз со траект на релација Сан Џовани-Месина-Сан Џовани

– Бродски такси

– Седиште на бродот во двата правци или сместување во внатрешни кабини (без прозор)

– Четири ноќевања со појадок во хотелот „Baia degli Dei“ 3*** во Гиардини Наксос

– Три ноќевања со појадок во хотелот „Santa Lucia Le Sabbie D`Oro“ 3*** во Чефалу

– Крстарење со брод околу островот Ortigia во Сиракуза

– Лицениран туристички водич за сите излети вклучени во програмата

– Организација и лиценциран придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Доплата за сместување во еднокреветна соба – 190 евра

– Доплата за сместување во еднокреветна кабина- 60 евра

– Организиран разглед на градот Палермо со локален туристички водич – 20 евра (минимум 20 заинтересирани лица)

– Туристичка такса –  14 евра за сите 7 ноќевања (се плаќа во агенцијата)

– Патничко осигурување

Време на поаѓање

10:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 12:00 часот од Скопје

10:00 часот заминување на групата од  Кавадарци и во 12:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Албанија со туристички автобус преку граничниот премин БлацеДневно патување преку Косово со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Драч во вечерните часови. Се упатуваме кон пристаништето и се сместуваме на бродот. Од 22.00 часот започнува ноќната пловидба кон Италија.
Пристигнување во Бари во 08.00 часот наутро. Патувањето го продолжуваме со автобус преку Италија кон Сан Џовани, местото од каде со траект преминуваме на островот Сицилија, во градот Месина. Од таму се упатуваме кон туристичкото место Giardini Naxos. Сместување на групата во хотелот „Baia degli Dei“   3*** (http://www.hotelbaiadeglidei.it/ ). Слободно време за одмор од патувањето. Ноќевање.
Појадок. Слободно претпладне за плажа. Во попладневните часови заминуваме на организиран разглед на Катанија, преубав град на брегот на Јонското Море каде ќе прошетаме покрај Катедралата во која се наоѓа капелата на Sv.Agata -заштитничката на градот, Плоштадот со кипот на слон, дел од градот во бароктен стил со градби од црн вулкан, Универзитетскиот Плоштад, Римскиот амфитеатар... Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се враќаме во хотелот.  Ноќевање.
Појадок. Заминување на групата кон најголемиот активен вулкан во Европа – Етна,  висок 3340 метри кој има околу 400 угасени и неколку активни кратери. Пристигнуваме до висина од 1980 метри. Патот не` води по црни бразди низ кои некогаш течела вжештената лава. Кога ќе стигнеме до надморска висина од 1000 метри се забележува се` поретка вегетација, а кон врвот на вулканот има само остатоци од изладена лава и пепел. Слободно време за прошетки околу старите угасени кратери. Враќање во хотелот во Гиардини Наксос. Слободно попладне за плажа. Во вечерните часови заминуваме кон монденското летувалиште Таормина, градот издигнат на камената тераса над Јонското Море. Прошетка низ главната улица на која се наоѓаат преубави плоштади со барокни фасади на куќите, како и на стариот град каде се наоѓаат преубави цркви и катедрали: црквата San Giuseppea,  катедралата Sv. Nikola, палатата Corvaia,  Villa Comunale… Слободно време за индивидуални прошетки низ колоритните улици. Во договореното време се враќаме во хотелот.  Ноќевање.
Ден предвиден за уживање во барокната област на Сицилија со фасцинантната архитектура. Заминуваме кон грчката колонија Сиракуза, родното место на древниот грчки научник Архимед, еден од најзначајните градови на Медитеранот. Посета на историски дел во кој се наоѓа прочуената фонтана на нимфата Arteuze-Fonte Aretusa, Градското Собрание и остатоци од Аполоновиот Храм за кој се верува дека е најстар на Сицилија, како и барокната катедрала изградена во VII век  на темелите на големиот старогрчки храм кој бил посветен на богињата Atina. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време се упатуваме кон местото од каде ја започнуваме нашата нова авантура-се качуваме на бродчиња и заминуваме на крстарење околу островот Ortigia. На одредени места навлегуваме во морски пештери каде морската фауна нуди магични бои. Во доцните попладневни часови се враќаме назад во хотелот. Ноќевање.
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон западниот брег на островот кон живописниот град Чефалу, бисерот на Тиренското Море. Сместување на групата во хотелот „Santa Lucia Le Sabbie D`Oro“ 3*** (https://lesabbiedoro.it/). Слободно попладне за одмор од патувањето и за индивидуални активности. Ноќевање.
Појадок. Заминуваме кон најзападниот дел од островот, кон Ериџе, симпатично место во областа Трапани кое, според легендата, е светилиште на богот на љубовта Ерос. По завршувањето на разгледот слободно време за индивидуални прошетки, а потоа се упатуваме кон едно од најпознатите места за летување на Сицилија - San Vito Lo Capo со снежно бела плажа, азурно море и егзотична вегетација.  Слободно време за уживање на плажата со кадифен песок. Во договореното време се упатуваме хотелот во Чефалу. Ноќевање.
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности и плажа. Постои можност (факултативно) за посета на Палермо, главниот град на Сицилија, петти по големина во Италија. Импресивна глетка на кралската палата Normanaкатедрала од XII век која ја граделе првите сицилијански кралеви, плоштадите Kvatro kanti и Pretoria и најголемиот театар во Италија Masimo. Во попладневните часови враќање назад во хотелот во Чефалу. Слободно време за индивидуални прошетки низ градот во кој најмногу можете да го почувствувате вистинскиот дух на Сицилија. Ноќевање.  
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон градот Месина, а од таму со траект преминуваме во Италија. Дневно патување со попатни паузи. Во доцните попладневни часови пристигнуваме во Бари и се упатуваме кон пристаништето. Сместување на бродот. Од 22.00 часот започнува ноќната пловидба кон Драч.
Пристигнување на пристаништето во Драч. Дневно патување преку Косово со попатни паузи за одмор. Пристигнување во вечерните часови.