Destination

icons
Вид на превоз
Автобуски
Празнични патувања

8МИ СЕПТЕМВРИ КРФ (3 НОЌИ)

За патувањето

8ми Септември е идеален продолжен викенд за последните денови од летото да ги поминете на море и тоа на остров. Понуда со 3 ноќевања, вклучен автобуски превоз и траект
Во продолжените програмата..

Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување и не случајно сме организатори 10 години на летни аранжмани на овој остров, почнувајќи од 2014-та година. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи ја оваа тура идеална.

 

Редовна цена на аранжман: 139 евра
Промо цена на аранжман до 20.08, 109 евра
ОГРАНИЧЕНИ МЕСТА ПО ПРОМО ЦЕНА!

Што е вклучено:

Не е вклучено:

  • Aвтобуски превоз (Kочани, Штип, Куманово, Скопје, Велес, Росоман, Прилеп и Битола)
  • 3 ноќевања во приватни апартмани во Ипсос и Дасиа (апартмани опремени со мини кујна, тоалет и балкон)
  • Повратна карта за траект
  • Туристички придружник за време на престојот
  • Посета на градот Крф- 10 евра од лице
  • Тура на север (Мавроматис,Палеокастрица и Сидари)- 35 евра
  • Посета на Глифада- 15 евра
  • CORFU ПАКЕТ- 55 евра (сите екскурзии)
  • Туристичка такса- 4.5 евра за целиот престој од соба- Задолжително се плаќа во автобус
  • Доплата за клима- 5-7 евра од ноќ- ОПЦИОНАЛНО- се плаќа на лице место кај газдите
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
  • Доплата за сингл соба (70% од сумата на аранжманот)- за лица кои патуват сами.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош или лична карта, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето и да е со придавката ,,СЕВЕРНА’’
  • Седиштата се нумерирани и се според уплата. Избор за седиште/ред е можно со доплата од 15 евра
  • Во вилите има WIFI агенцијата не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.

Време на поаѓање

Состанок на група кај хотел Русија во 21:00ч (точното време на поаѓање ќе се знае на 7 дена пред реализација на патувањето поради возниот ред на траектите). Имаме организиран превоз од: Kочани, Штип, Куманово, Скопје, Велес, Росоман, Прилеп и Битола. Следува ноќно возење со вклучени попатни паузи. Препорачуваме добар одмор за време на патувањето со цел зачувување на позитивната енергија за утринските часови.

Pellentesque accumsan magna in augue sagittis, non fringilla eros molestie. Sed feugiat mi nec ex vehicula, nec vestibulum orci semper. Class aptent taciti sociosqu ad litora torquent per conubia nostra, per inceptos himenaeos. Donec tristique commodo fringilla.
Пристигнуваме на пристаништето на Игуменица, од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Веќе сте се расониле со првото фрапе кога сино бистрите води на јонското море почнуваат пред вас да ја откриваат Керкира (градот Крф) и вашиот поглед најпрво ќе го привлече старата тврдина која го чува градот. Од пристаништето во Крф, не очекуваат уште само 20 минути пат до нашата крајна дестинација Ипсос и Дасиа, кој на прв поглед ќе ви покаже зошто е врвот на фантастичната атмосфера на островот. Слободно време за одмор или плажа. Во попладневните часови заминување кон градот Крф. Кога ќе шетате низ градот на момент ќе помислите дека некогаш сте го посетиле ова место а всушност сте за прв пат таму. Сите тие тесни улички, венецијанската архитектура асоцираат како да сте во некој град во Италија. Градот Крф е преубав, нешто што мора да го видите кога сте на островот а попатно ќе добиете информации од страна на нашиот претставник за местото, островот итн. На островот заштитник е Св.Спиридон а неговите моште се чуваат во црквата Св.Спиридон која е изградена 1580 год, кој сака може да ја посети. По разгледот групата има слободно време за индивидуални активности. Враќање во Ипсос и Дасиа. Ноќевање
Посета на фабриката за ликери Мавроматис, Палеокастирца (бисерот на островот) и Сидари (каналот на љубовта) екскурзија која не смеете да ја пропуштите. Првото место за посета е Мавроматис каде се произведуваат ликери од овошјето ,,KOUM QUAT”. Oвде ќе имате можност да ги пробате најбитните два ликери, белиот што се прави од сокот на овошјето и портокаловиот што се прави од кората на овошјето. Исто така ќе имате можност да погледнете кратко видео од начинот на садење до начинот на берење на овошјето. Доколку сакате да понесете специфичен сувенир од островот Крф а да не биде магнет, ликерите што се амбалажи во форма на островот Крф се правиот избор. По посетата се упатуваме кон бисерот на островот Крф или Палеокастрица. Палеокастрица е најпосетеното место на островот, водата е толку бистра што буквално се познава сенката на бродот. На Палеокастрица ќе имате слободно време за плажа, можете да го посетите манастирот Св.Богородица кој е од 13 век или пак да го посетите аквариумот каде ќе имате можност да фатите морска краставица, морски еж, да се сликате со змија, да го погалите игуаната Јорго и многу други животни. Слободно време. Наредна а не и последна посета е селцето Лаконес каде има фантастичен поглед кон Палеокастрица. Овде буквално ќе уживате во погледот, ќе имате доволно време да си направите фотографии и секако да го збогатите со постови вашиот инстаграм или фб профил 😊. Последното место за овој ден е Сидари, специфично место каде капите не се камени туку се глинести и можете да направите природен пилинг на кожа па да ја освежите вашата дерма. Во Сидари се наоѓа и каналот на љубовта а според преданијата се верува дека секој што ќе го преплива каналот со саканата или замислената личност, останува со неа до крајот на животот. Овде ќе имате доволно време за прошетка, плажа итн. Заминување кон Ипсос и Дасиа. Ноќевање
Посета на најубавата песочна плажа на островот, Глифада или како ја нарекуваат мештаните ,,ГРЧКАТА САХАРА’’. Глифада е плажа со плаво знаме а доколку сакате песочни плажи дефинитивно е прав избор. На оваа плажа се наоѓа PAZUZU BEACH BAR каде настапуваат артисти од Tomorrowland а овој бар е вистинскиот рај. На оваа плажа има и нудистички дел, за сите тие кои сакаат да се сончат топлес на право место се. Слободно време за плажа. Враќање во Ипсос и Дасиа. Ноќевање
Последниот ден од одморот препорачуваме да го искористите на плажа. Во предвидено време заминување кон пристаниште во попладневните часови. Денско и ноќно патување. Пристигнување во вечерните часови во Скопје.