Вила M&B Boutique се наоѓа во централниот дел на градот на само 150 метри од градската плажа. Вилата располага со четворокреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Кујна опремена со: кујнски прибор, апарат за кафе/нескафе, тостер, електричен бокал за вода, фрижидер. Во кујните нема шпорет. Клима (вклучена во цена), тоалет опремен со сите средства за лична хигиена, пешкири, тераса и паркинг. Секојдневно чистење на собите. Во цената е вклучено неограничено користење на вода, кафе, двопек, путер, џем, мед, млеко за кафе.
🔥 50% ПОПУСТ ЗА АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА
Промоцијата важи само на 11.11.2026 од 09.00 до 18.00 часот
Попустот се пресметува исклучиво на сезонските цени.
Плаќање и резервација:
За потврда на резервацијата, задолжителна е целосна уплата на износот со пресметан попуст.
Усни резервации не се прифаќаат.
Важи принципот „Прв дојден, прв услужен“.
Бројот на апартмани е ограничен.
По потврдувањето на резервацијата, не е дозволена промена на терминот на престојот или на името на патникот.
Услови за отказ:
При отказ на аранжманот повеќе од еден месец пред поаѓањето (до 30дена), се задржуваат 10% од вредноста на аранжманот како трошок за отказ, односно не се применуваат стандардните услови објавени на ВЕБ страната.
| Термин | Ноќевања | 1/4 студио | 1/4 апп |
| 23.05 | 7 ноќи | 200 € | 300 € |
| 30.05 | 7 ноќи | 250 € | 350 € |
| 06.06 | 7 ноќи | 300 € | 450 € |
| 13.06 | 7 ноќи | 350 € | 550 € |
| 20.06 | 7 ноќи | 500 € | 700 € |
| 27.06 | 7 ноќи | 600 € | 800 € |
| 04.07 | 7 ноќи | 700 € | 900 € |
| 11.07 | 7 ноќи | 800 € | 1150 € |
| 18.07 | 7 ноќи | 900 € | 1200 € |
| 25.07 | 7 ноќи | 950 € | 1250 € |
| 01.08 | 7 ноќи | 950 € | 1250 € |
| 08.08 | 7 ноќи | 950 € | 1250 € |
| 15.08 | 7 ноќи | 950 € | 1250 € |
| 22.08 | 7 ноќи | 900 € | 1250 € |
| 29.08 | 7 ноќи | 800 € | 1150 € |
| 05.09 | 7 ноќи | 700 € | 900 € |
| 12.09 | 7 ноќи | 500 € | 650 € |
| 19.09 | 7 ноќи | 300 € | 350 € |
| 26.09 | 7 ноќи | 200 € | 300 € |
НАПОМЕНИ:
ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
Туристичката такса изнесува 20 € по студио/апартман за 7ноќи, не е вклучена во цената и се плаќа во агенција.
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.