Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Ситонија ( втор крак)

Вила Ланти – Сикија

Вилата „Lanthi“ („Lanthi Apartments“) е модерен семеен објект сместен во едно од најживописните места на вториот крак – Сикија, на само 150 метри од плажата „Sykia Beach“ и на 2 км од „Tourkolimnionas Beach“ и во непосредна близина на таверни, маркети и кафулиња. Совршен избор за мирен семеен или паровски одмор, со уредени и пространи апартмани, кои нудат удобност, чистота и прекрасен поглед кон морето или планината.

 

ТЕРМИН НОЌЕВАЊА СТУДИО 1/3 (НАЕМ) АПАРТМАН 1/2-2 (НАЕМ)
17.05.2026 7 179 199
24.05.2026 7 199 259
31.05.2026 7 249 299
07.06.2026 7 319 399
14.06.2026 7 459 559
21.06.2026 7 509 639
28.06.2026  7 509 639
05.07.2026  7 539 669
12.07.2026  7 559 699
19.07.2026  7 579 729
26.07.2026  7 589 729
02.08.2026  7 639 789
09.08.2026  7 639 789
16.08.2026  7 589 729
23.08.2026  7 559 699
30.08.2026  7 389 485
06.09.2026  7 329 279
13.09.2026  7 299 272
20.09.2026  7 199 259

 

Локација
Објектот се наоѓа во Сикија, во регионот Ситонија, на околу 150 метри од познатата песочна плажа Sykia Beach и 2 км од Tourkolimnionas Beach. Во непосредна близина се наоѓаат таверни, маркети и кафулиња. Валти плажа е на само 2,2 км, додека аеродромот во Солун е оддалечен околу 134 км.
Сместување и содржини
Вилата располага со удобни студија и апартмани со керамички подови и модерен ентериер. Секое студио/апартман е опремено со:
– клима-уред
– телевизор со рамен екран
– приватен тоалет со туш и бесплатни тоалетни производи
– комплетно опремена кујна со фрижидер
– балкон или тераса (дел со поглед кон море, дел со планински поглед)
– постелнина и пешкири
Сместувањето располага и со семејни апартмани погодни за 3–4 лица, идеални за гости кои сакаат приватност и комфор.
Двор и удобности
Во рамките на вилата има сончева тераса со лежалки, двор со зеленило, како и бесплатен приватен паркинг. Објектот нуди и услуга за изнајмување возила, а на гостите им е достапен и Wi-Fi интернет низ целиот објект.
Услуга и хигиена
Собите се чисти, модерно уредени и се одржуваат со големо внимание. Постелнината и пешкирите се редовно менуваат, а персоналот е познат по љубезноста и семејниот пристап кон гостите.
Предности
– Одлична локација – на 150 м од Sykia Beach
– Пространи и модерни апартмани
– Потполно опремена кујна во секој апартман
– Бесплатен Wi-Fi и паркинг
– Сончева тераса и пријатен двор
– Идеално за семеен или паровски одмор
Одалеченост од најубавите плажи на Ситонија:
2,2км од Турколимнионас
1,3км од Линараки
850м од Пигадаки
3,9км од Климатарија
6,8км од Криарици
5,1км од Тиганија
2,7км од Валти
1,4км од Гриавас
4.1км од Агридиа

5,3км од Платанија

– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување во Студио за 7 ноќи
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот објект во Грција.
* Задолжително патничко осигурување.
* Користење на клима уред 5 евра на ден (доплата кај сопственикот)
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка Такса 2 евра по соба од Ден (доплата на лице место)
НАПОМЕНИ:
– Доплата за туристичка такса 1,5 евра по соба од Ден  (доплата на лице место)
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;

Време на поаѓање

Сикија: возрасен 55 евра, дете до 12 години 45 евра.