Вила “KARIDI BEACH APARTMENTS” се наоѓа во мирен дел, речиси на крајот од селцето Вурвуру, на само 350 метри оддалеченост од најбараната плажа Кaridi Beach.
Вилата располага со 1/4 апартман и 2/5 дуплекси,кои се направени пред 2 години.Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Кујна опремена со кујнски прибор, апарат за кафе, микробранова, електричен бокал за вода, фрижидери и шпорет. Клима (вклучена во цена), тоалет,фен за коса, пешкири,пегла со даска за пеглање, тераса, сопствен паркинг и голем маслинов двор пред самата вила.
Наша препорака е да се патува со сопствено возило бидејќи во близина на вилата нема ресторани,маркети и продавници. Истата е лоцирана во мирен и тивок дел на местото,изолиран од гужви.
1/4 апартман – бр.3 – се наоѓа на трет кат. Апартманот располага со две големи простории. Има голем брачен кревет во спалната соба и голема дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓаат 2 каучи кои не се спуштаат.Кујната е целосно опремена, со најнов инвентар,исто така има тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години.
1/5 дуплекс – бр.2 – се наоѓа на втор спрат. Дуплексот располага со три големи простории.Има 2 посебни спални соби со брачни кревети и дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓа и кауч кој не се спушта.Кујната е целосно опремена со најнов инвентар,исто така има тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години. ( Има можност да се стави дополнително легло доколку се 2 деца до 12г)
1/5 дуплекс – бр.1 – се наоѓа на прв спрат.Дуплексот располага со три големи простории.Има 2 посебни спални соби со брачни кревети и дневна просторија поврзана со трпезарија и кујна каде се наоѓа и кауч кој не се спушта.Кујната е целосно опремена, со најнов инвентар,исто така располага со тоалет и балкон на кој се излегува и има летна гарнитура за седење. Може да се сместат максимум 4 возрасни лица и 2 деца до 12 години. ( Има можност да се стави дополнително легло доколку се 2 деца до 12г)
| ТЕРМИН | НАЕМ | 1/4 Апартман | 1/5 Дуплекс |
| 03.05.2026 | 7 ноќи | 200€ | 250€ |
| 10.05.2026 | 7 ноќи | 230€ | 300€ |
| 17.05.2026 | 7 ноќи | 250€ | 350€ |
| 24.05.2026 | 7 ноќи | 350€ | 400€ |
| 31.05.2026 | 7 ноќи | 390€ | 490€ |
| 07.06.2026 | 7 ноќи | 590€ | 790€ |
| 14.06.2026 | 7 ноќи | 690€ | 890€ |
| 21.06.2026 | 7 ноќи | 790€ | 990€ |
| 28.06.2026 | 7 ноќи | 890€ | 1090€ |
| 05.07.2026 | 7 ноќи | 990€ | 1290€ |
| 12.07.2026 | 7 ноќи | 1190€ | 1390€ |
| 19.07.2026 | 7 ноќи | 1290€ | 1490€ |
| 26.07.2026 | 7 ноќи | 1290€ | 1490€ |
| 02.08.2026 | 7 ноќи | 1290€ | 1490€ |
| 09.08.2026 | 7 ноќи | 1290€ | 1490€ |
| 16.08.2026 | 7 ноќи | 1290€ | 1490€ |
| 23.08.2026 | 7 ноќи | 1290€ | 1490€ |
| 30.08.2026 | 7 ноќи | 1090€ | 1290€ |
| 06.09.2026 | 7 ноќи | 790€ | 1090€ |
| 13.09.2026 | 7 ноќи | 590€ | 890€ |
| 20.09.2026 | 7 ноќи | 490€ | 590€ |
| 28.09.2026 | 7 ноќи | 350€ | 450€ |
НАПОМЕНИ:
ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа на лице место.
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот – локално време.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.