Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Авионски
Грција, Острови

Миконос лето 2026

ТЕРМИН: ЈУНИ, ЈУЛИ, АВГУСТ

 

Миконос не е само остров – тоа е адреналин, ритам и ноќ што никогаш не завршува.
Штом сонцето почне да тоне во Егејското Море, Миконос ја покажува својата вистинска природа. Денот е само загревање – вистинската приказна почнува кога светлата ќе се запалат, а музиката ќе ја преземе контролата.
Започни ја вечерта во Мала Венеција, каде коктелите се пијат над брановите, а зајдисонцето полека преминува во електронски ритам. Потоа, загуби се низ уличките на Миконос  – секој агол вибрира со енергија, секоја врата води кон нова журка.
Кога ноќта ќе достигне врв, сцената се префрла во легендарните клубови. Cavo Paradiso – изграден на карпа над морето, каде најдобрите диџеи го диктираат ритамот до изгрејсонце. Paradise Club – место каде музиката и толпата стануваат едно. А за уникатна мешавина од луксуз и боемска слобода, тука е Scorpios Mykonos – искуство што се памети.
Но магијата на Миконос не завршува со ноќта – таа само ја менува формата. Денот носи нова димензија на уживање на неговите светски познати плажи. Psarou beach блеска со кристално чиста вода и луксузна атмосфера, додека Paradise и Super Paradise beach нуди совршен баланс меѓу релаксација и дневна журка. Златниот песок, тиркизното море и музиката што нежно одекнува создаваат чувство дека си влегол во друга реалност.
Без разлика дали танцуваш до зори или лежиш под сонцето со коктел во рака, Миконос те вовлекува во својот ритам. Ова не е само патување – ова е авантура што се живее со полна сила, ден и ноќ, без пауза.

Цените се дадени по лице.
Цените се дадени на база на моменталните расположливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
Постои можност за избор на различни термини како и различен хотел од понудените.

 

Цената вклучува:

  • Авионски билети на релација Скопје- Миконос-Атина-Скопје
  • Багаж од 8кг по лице
  • 7 ноќевања во избраниот хотел на база на наведениот сервис
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром на Миконос
  • Организација и реализација на патувањето
Цената не вклучува:

  • Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Останати по програма не споменати услуги

Oпшти услови:

  • Факултативните излети се од информативен карактер и истите можат да се менуваат според желбите на патникот како и според условите на кои агенцијата не може да влијае.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 16 лица.
  • Доколку групата не го исполни наведениот минимум на патници, агенцијата го задржува правото да го откаже аранжманот и/или да ги промени условите на патувањето и за истото ќе го информира патникот најдоцна 10 дена пред почетокот на патувањето.
  • Цените се дадени на база на моменталните расположливи места во хотел и на авион и истите можат да се променат се до моментот на резервација.
  • Цената во евра се пресметува по курс од 1 еур= 62 мкд
  • Саатниците на авионските летови се од информативен карактер и се дадени на база на моменталната поставеност од авио компанијата. Истите подлежат на промени и правото на промена го има исклучиво авио компанијата. Доколку дојде до било каква измена на саатниците, датумите во летовите, агенцијата организатор ќе го информира патникот за настанатата промена, во било кој период од уплатата па се до денот на патувањето.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ Т.А Just Travel
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ на Just travel објавени на веб страната www.justtravel.mk .
  • Организаторот на патувањето, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект.
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект. Наjчесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред…)
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им го потврди на клиентите типот на креветот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, најчесто на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза и средствата за истата се неповратни

Време на поаѓање

  • Авионски билети на релација Скопје- Миконос-Атина-Скопје