Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања/10 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Касандра (Прв Крак), Неа Фокеа

Куќа „FANI“ – НЕА ФОКЕА

Куќа „Фани“ е лоцирана во многу убав дел, централно во Неа Фокеа и на само неколку чекори од морето и песочната плажа. Има убаво уреден двор со зеленило и масички, клупи, скара за гостите. Околу неа има многу  слободен, непречен простор за паркинг. Студијата и апартманите кои се реновирани 2021 година се на приземје и на прв кат и сите тераси се со поглед на море, имаат комплетно опремени кујни, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет. Во близина на куќата има маркети, продавници, таверни. Интернетот и климата се вклучени во цената. Во собите нема пешкири.

20% попуст 

35% попуст за термините 27.6, 4.7 и 22.8

За целосни уплати заклучно со петок 14 ноември 

Цени и услови

 

Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

 

Термин Ноќевања Плаќаат 1 и 2 лице Плаќаат 3 и 4  лице
30.5 – 6.6 7 139 x 2 55 x 2
6.6 – 13.6 7 175 x 2 55 x 2
13.6 – 20.6 7 219 x 2 55 x 2
20.6 – 27.6 7 235 x 2 55 x 2
27.6 – 4.7 7 249 x 2 55 x 2
4.7 – 11.7 7 259 x 2 55 x 2

– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –

 

Цената е објавена за наем на апартман за 7 ноќевања

Термин Ноќевања Трикреветен апартман Четирикреветен апартман
11.7 – 18.7 7 525 595
18.7 – 25.7 7 560 630
25.7 – 1.8 7 595 665
1.8 – 8.8 7 595 665
8.8 – 15.8 7 595 665
15.8 – 22.8 7 525 595

– Се плаќа целиот апартман без разлика дали во него ќе престојуваат помалку лица од бројот на кревети –

 

Цената е објавена за 1 (едно) лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз

Термин Ноќевања Плаќаат 1 и 2 лице Плаќаат 3 и 4 лице
22.8 – 29.9 7 255 x 2 55 x 2
29.8 – 5.8 7 239 x 2 55 x 2
5.9 – 15.9 10 239 x 2 55 x 2
15.9 – 25.9 10 209 x 2 55 x 2

– Задолжитено плаќаат сите патници повозрасни од 1 година кои престојуваат во собите –

 

 

 

Координати: 40.136475, 23.396766

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од т.а. „Just Travel“. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница (www.justtravel.m) kсе само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница (www.justtravel.mk) е од информативен карактер
  • За информациите добиени од вработените на т.а. „Just Travel“, агенцијата-организатор ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, „Just Travel“ не може и нема да преземе одговорност.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена т.а. „Just Travel“ ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
  • Туристичката такса која од лето 2025 година изнесува 2 евра на ден се плаќа на самото место
  • т.а. „Just Travel“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Just Travel“ и на самата агенција.

Време на поаѓање

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3,100 денари (50 евра)
    • За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.