Destination

icons
Ноќевања
Лето 2027 7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Неа Мармарас, Ситонија ( втор крак)

Вила Мерсинис – Неа Мармарис

Вила „Mersinis“ е лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас – Ситонија, во непосредна близина на кампот „Castello“, на само 150 метри од плажа и на 2 км од „Lagomandra Beach“. Вилата располага со шест апартмани на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси со поглед во дворот или улица.

АПАРТМАН бр.1:     1/3+1 ПРИЗЕМЈЕ

Четирикреветен апартман на приземје. Во првата соба има еден брачен кревет од истата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години, комплетно опремена кујна, купатило и клима.

АПАРТМАН бр.2:    1/4+1 ПРИЗЕМЈЕ

Четирикреветен апартман на приземје. Во првата просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца на возраст до шест години, како и еден помошен кревет на кој може да спие едно лице, комплетно опремена кујна, клима. Во втората соба има еден брачен кревет, тераса, купатило и клима.

АПАРТМАН бр.3:    1/3+1  ПРВ КАТ

Четирикреветен апартман на прв спрат. Во првата соба има еден брачен кревет од истата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години, комплетно опремена кујна, купатило и клима.

АПАРТМАН бр.4:    1/4+1 ПРВ КАТ

Четирикреветен апартман на прв спрат. Во првата просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца на возраст до шест години, како и еден помошен кревет на кој може да спие едно лице, комплетно опремена кујна, клима. Во втората соба има еден брачен кревет, тераса, купатило и клима.

АПАРТМАН бр.5:    1/3+1 ВТОР КАТ

Четирикреветен апартман на втор спрат. Во првата соба има еден брачен кревет од истата се излегува на пространа тераса која има поглед во дворот на вилата, опремена со маса и столчиња. Во втората просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години, комплетно опремена кујна, купатило и клима.

АПАРТМАН бр.6:    1/4+1 ВТОР КАТ

Четирикреветен апартман на втор спрат. Во првата просторија има еден кауч на кој можат да спијат едно возрасно лице или две деца на возраст до шест години, како и еден помошен кревет на кој може да спие едно лице, комплетно опремена кујна, клима. Во втората соба има еден брачен кревет, тераса, купатило и клима.

🔥 50% ПОПУСТ ЗА АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА

Промоцијата важи само на 11.11.2026 од 09.00 до 18.00 часот

Попустот се пресметува исклучиво на сезонските цени.

Плаќање и резервација:

За потврда на резервацијата, задолжителна е целосна уплата на износот со пресметан попуст.

Усни резервации не се прифаќаат.

Важи принципот „Прв дојден, прв услужен“.

Бројот на апартмани е ограничен.

По потврдувањето на резервацијата, не е дозволена промена на терминот на престојот или на името на патникот.

Услови за отказ:

При отказ на аранжманот повеќе од еден месец пред поаѓањето (до 30дена), се задржуваат 10% од вредноста на аранжманот како трошок за отказ, односно не се применуваат стандардните услови објавени на ВЕБ страната.

Цените со * се Пакет аранжмани – цена по лице со вклучен превоз.

ВОНСЕЗОНСКИ
ТЕРМИН НАЕМ 1/4 апп 1/5 апп Доплата за 3то и 4то лице
23.05 7 ноќи *109 € *109 € *60 €
30.05 7 ноќи *129 € *129 € *60 €
06.06 7 ноќи *149 € *149 € *60 €
13.06 7 ноќи *189 € *189 € *60 €
20.06 7 ноќи *239 € *239 € *60 €
СЕЗОНСКИ
27.06 7 ноќи 660 € 710 €
04.07 7 ноќи 740 € 790 €
11.07 7 ноќи 820 € 860 €
18.07 7 ноќи 840 € 890 €
25.07 7 ноќи 840 € 890 €
01.08 7 ноќи 840 € 890 €
08.08 7 ноќи 840 € 890 €
15.08 7 ноќи 820 € 860 €
22.08 7 ноќи 740 € 790 €
ВОНСЕЗОНСКИ
29.08 7 ноќи *239 € *239 € *60 €
05.09 7 ноќи *169 € *169 € *60 €
12.09 7 ноќи *149 € *149 € *60 €
19.09 7 ноќи *129 € *129 € *60 €

 

Прекрасни плажи во околината:

Кастело (Castello Beach) – прекрасна плажа со чисто, тиркизно море, во областа на истоимениот камп, со организиран дел, лежалки и можности за освежување.

Трипотамос (Tripotamos Beach) – долга песочна плажа во непосредната околина, позната по природната убавина, помирната атмосфера и прекрасните зајдисонца.

Лагомандра (Lagomandra Beach) – една од најубавите и најпосетувани плажи на Ситонија, со ситен песок, тиркизна вода и природна сенка од боровите дрвја.

Парадисос (Paradisos Beach) – прекрасна плажа на северниот дел од Неос Мармарас, погодна за релаксација и семеен одмор.

Елија (Elia Beach) – живописно крајбрежје со борови шуми и прекрасни мали заливи, совршено за истражување и уживање во морето.

Калогрија (Kalogria Beach) – позната по песочниот брег и прекрасната боја на морето, идеална за еднодневен излет.

 

 ЦЕНА ВКЛУЧУВА:

  • Вонсезонски термини – пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице)  23.05. – 20.06. / 29.08. – 19.09.

Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено.

Во пакет аранжманите важи следново: за престој во апартман/дуплекс се наплаќа за најмалку три лица (2пати по цената на пакетот +60евра). При престој на четири лица плаќа и четвртото лице (2пати по цената на пакетот +2пати по 60евра).

За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.

  • Сезонски термини –  наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.

 

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА

ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

  • Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман *и  наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
  • Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа во агенција.
  • Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
  • Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

  • При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
  • Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
  • На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
  • Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minuteили Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
  • Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА

  • Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30%од вкупната вредност на аранжманот.
  • Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.
  • Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ

  • Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
  • По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 годининад предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
  • Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ

  • Пријавување (Check-in):по 14:00 часот, по локално време.
  • Одјавување (Check-out):најдоцна до 09:00 часот, по локално време.

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ

  • Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
  • За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
  • Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
  • Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ

  • Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
  • Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.

ВАЖНО:

Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.

При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.

Време на поаѓање

Цена за превоз:

  • Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€
  • деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
Термините во табелата се денови на поаѓање, состанок на група половина час пред наведеното време.
  • Скопје,  улица Македонија - Хотел Бристол во 04.00 часот
  • Велес, бензинска станица, мотел Македонија во  04:30 часот
  • Неготино, бензинска станица "Макпетрол"во  05:00 часот
  • Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во  06:00 часот
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
  • Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.