Destination

icons
Ноќевања
5 дена
icons
Вид на превоз
Автобуски
Празнични патувања

Крф за 24 Мај 2026

Термин 21.05 – 25.05

Островот Крф, магичен, посебен, единствен. Дури и боговите своето прибежиште го наоѓале тука, а цела Европа се обидувала што повеќе да го задржи под своја власт. Остров со бурна историја и многу природни богатства. Токму затоа денеска е еден од најпосетуваните острови во Грција. Крф изобилува со прекрасни плажи, но и места кои ќе ви го одземат здивот. Совршено бегство за уживање во сончевите зраци за празникот 24ти мај.

ПРОМО ЦЕНА 119 евра редовна цена 139 евра.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Три ноќевања во приватни вили на Ипсос, Крф
  • Автобуски превоз
  • Разглед и прошетка на градот Крф
  • Туристички придружник/водич за време на престојот и патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Повратен билет за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица – 30 евра по лице
  • Туристичка такса 2 евра од ден по соба
  • Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис – 20 евра (аквариум опционално 8 евра)
  • Посета на местото Сидари – 25 евра по лице
  • Задолжително патничко осигурување – 300 денари по лице
  • Индивидуални трошоци

НАПОМЕНИ:

  • За да направите резервација, потребно е да уплатите 30% аконтација, а до 10 дена пред тргнување да биде целосно исплатена сумата на аранжманот.
  • Доплата за сингл соба е 70% дополнително од цената на аранжманот
  • Деца од 0-03 години – бесплатно
  • Деца од 3 до 10 години (со двајца возрасни) плаќаат 70% од сумата на аранжманот

Апартманско сместување:

  • Апартманите се наоѓаат во местото Ипсос/Пирги.
  • Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет
  • Климата се употребува по желба (со доплата)

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на Грција.
  • Пасошот треба да се со минимум 3 месеци пред истекување за да може да се влезе во државата.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во апартманите. Распределбата на собите се врши при пристигнувањето. Агенцијата ќе ги проследи барањата, но не гарантира за исполнување на истите.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во апартманската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание.
  • Go Travel не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната. Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Т.А Just Travel од Скопје
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А Just Travel