BLACK FRIDAY 30 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 (вторник) и целосна доплата заклучно со 04.01.2025 (сабота)
Координати 40.400363, 23.878800
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.
Куќа “Soula” се наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со четири студија и два апартмани. Користење на клима уред и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Вилата има сопствен уреден двор и паркинг веднаш пред вилата.
Апартманите и студијата се опремени со мала стандардно опремена кујна со сите потребни елементи, додека во апартманите има големи фрижидери и голем електричен шпорет со рерна. Сите имаат клима уред, ТВ и располагаат со стандардни тоалети со туш.
Апартманите (бр. 1 и бр. 2) и едно студио (бр. 6) се на високо приземје, а останатите студија (бр. 3, 4, 5) се на кат. Сите располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, освен студиото бр. 6 кое има сопствен уреден и заграден двор со маса и столови.
Апартман бр. 1 (1/2+1/2+2) – 4 лица + 2 – високо приземје. Простран апартман со брачен кревет во спална соба, две софи на извлекување во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столови, клима уред и телевизор. Апартманот има сопствен тоалет со туш. Од кујна се излегува на тераса со страничен поглед море и истата е опремена со маса и столови.
Апартман број 2 (1/2+1/2+1) – 4 лица + 1 – високо приземје. Простран апартман со брачен кревет во спална соба, една софа на извлекување и едно стандардно легло во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столици, клима уред и телевизор. Сопствен тоалет со туш. Од апартманот се излегува на голема заедничка тераса, која е опремена со маса и столици.
Студио број 3 (1/2) – прв кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува на тераса со поглед позади кон дворот, која е опремена со маса и столови.
Студио број 4 (1/2) – втор кат. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот на студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 5 (1/2) – втор кат. Студиото располага со 1+1 стандарден кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот на студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 6 (1/2)– високо приземје. Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува во сопствено дворче кое располага со маса и столови.
Термин | Ноќевања | 1/2 студио
(бр. 3 и 5) задолжително плаќаат 2 лица |
1/2 студио
(бр. 4 и 6) задолжително плаќаат 2 лица |
апартмани
бр. 1 и бр. 2 задолжително плаќаат 3 лица |
25/05-01/06 | 7 | 99 | 109 | 99 |
01/06-08/06 | 7 | 119 | 139 | 119 |
08/06-15/06 | 7 | 149 | 169 | 149 |
15/06-22/06 | 7 | 189 | 209 | 179 |
22/06-29/06 | 7 | 199 | 219 | 189 |
* цена по лице со вклучен превоз
Термин | Ноќевања | 1/2 студио
(бр. 3 и 5) |
1/2 студио
(бр. 4 и 6) |
апартмани
(бр. 1 и 2) |
29/06-06/07 | 7 | 409 | 449 | 629 |
06/07-13/07 | 7 | 439 | 479 | 669 |
13/07-20/07 | 7 | 459 | 499 | 699 |
20/07-27/07 | 7 | 459 | 499 | 699 |
27/07-03/08 | 7 | 489 | 539 | 739 |
03/08-10/08 | 7 | 489 | 539 | 739 |
10/08-17/08 | 7 | 459 | 499 | 699 |
17/08-24/08 | 7 | 459 | 499 | 699 |
24/08-31/08 | 7 | 449 | 479 | 679 |
* цена за наем на апартман или студио
Термин | Ноќевања | 1/2 студио
(бр. 3 и 5) задолжително плаќаат 2 лица |
1/2 студио
(бр. 4 и 6) задолжително плаќаат 2 лица |
апартмани
бр. 1 и бр. 2 задолжително плаќаат 3 лица |
31/08–07/09 | 7 | 199 | 219 | 179 |
07/09-14/09 | 7 | 169 | 189 | 149 |
14/09-21/09 | 7 | 129 | 149 | 119 |
21/09-28/09 | 7 | 99 | 109 | 99 |
* цена по лице со вклучен превоз
Напомени и услови: