Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Касандра (Прв Крак), Сивири

Вила HRISTOS- Сивири

Вила HRISTOS се наоѓа во центарот на Сивири, на најатрактивна локација, непосредно пред плажата. Располага со двокреветни соби и четворокреветни апартмани, ориентирани кон југозапад, и од терасите ќе уживате во прекрасното зајдисонце. Сите студија и апартмани се опремени со кујна, опремена со основен прибор за јадење, купатило, ТВ и клима чие користење е бесплатно. Промената на постелнината е еднаш во текот на престојот. Вилата има WI-FI.

Ценовник и Услови

ПОПУСТ ЗА РАНА УПЛАТА:

10% early booking до 01.02.2026, со 50% уплата и доплата 15 дена пред поаѓање.

ТЕРМИН ОД: НОЌИ HRISTOS         1/2 Студио HRISTOS         1/3 Студио HRISTOS       1/4 Апп
23.05 7 149 179 219
30.05 7 179 229 279
06.06 7 249 309 369
13.06 7 319 339 439
20.06 7 349 399 469
27.06 7 379 439 489
04.07 7 419 489 529
11.07 7 439 539 579
18.07 7 469 569 669
25.07 7 469 569 669
01.08 7 469 569 669
08.08 7 469 569 669
15.08 7 469 569 669
22.08 7 439 519 629
29.08 7 379 449 539
05.09 7 339 369 439
12.09 7 259 289 329
19.09 7 189 229 249

НАПОМЕНИ:

* Цените се однесуваат за наем на студио/апартман за 7 ноќевања.

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години (не користи легло).

* Туристичка такса се плаќа во Агенција.

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.

* Плаќањето се врши во денарска противредност по курс 1 eur = 62,00 мкд.

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.

* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот.

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање.
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата.

Време на поаѓање

  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
  •  Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус, Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
  •  Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Цена за превоз Скопје - Халкидики
  • возрасни 50 € повратна ( 40€ во еден правец)
  • деца од 2 до 12 години 40€ ( 35€ во еден правец)
  • деца до 2 години бесплатно ( не користи седиште во автобус)
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Just Travel“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.