Destination

icons
Ноќевања
Лето 2027 7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Атос (трет крак), Грција, Јерисос

Куќа “Atina”-Јерисос

20 % попуст на вонсезонски цени и 25 % попуст на сезонски цени за резервации заклучно со 05.12.2026 (сабота) за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота)

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…

Куќа “Atina” се наоѓа на добра местоположба, на само 150 метри од прекрасната песочна плажа, на главната улица во местото. Во куќата располагаме со 3 наши високо квалитетни студија кои се наоѓаат на прв кат.  Куќата е нова градба, за најпробирливите патници. Сите студија се многу пространи и се опремени со фен, пегла, тостер, кафемат, комарници, даски за пеглање и сл., огромни тераси со маси и столови, високо квалитетно средени кујни со апсолутно сите потребни елементи во кујните, како и реновирани пространи тоалети. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има достапен паркинг пред вилата.

Студио број 1 (1/4) –  пространо студио со голема тераса,  целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет и 2 стандардни кревета.

Студио број 2 (1/4)–  многу пространо студио со голема тераса,  целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, стандарден кревет и софа за дете.

Студио број 4 (1/4) –  многу пространо студио со огромна тераса (страничен поглед море),  целосно опремена кујна, квалитетен мебел и сопствен тоалет. Располага со брачен кревет, 2 стандардни кревети и софа.

  1. Вонсезонски цени
Термин Ноќевања 1/3 + 1 студио  бр. 2 1/4 студио  бр. 1 1/4 студио  бр. 4
23/05-30/05 7 129 139 149
30/05-06/06 7 169 179 199
06/06-13/06 7 229 239 249
13/06-20/06 7 279 289 299
20/06-27/06 7 299 309 319

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)

 

  1. Сезонски цени
Термин Ноќевања 1/3 + 1 студио  бр. 2 1/4 студио бр. 1 1/4 студио бр. 4
27/06-04/07 7 629 659 689
04/07-11/07 7 669 699 729
11/07-18/07 7 699 729 769
18/07-25/07 7 699 729 769
25/07-01/08 7 739 759 799
01/08-08/08 7 739 759 799
08/08–15/08 7 739 759 799
15/08–22/08 7 699 729 769
22/08–29/08 7 699 729 769

* цена за наем на студио

  1. Вонсезонски цени
Термин Ноќевања 1/3 + 1 студио  бр. 2 1/4 студио  бр. 1 1/4 студио  бр. 4
29/08–05/09 7 299 309 319
05/09–12/09 7 249 259 269
12/09–19/09 7 189 199 219
19/09–26/09 7 129 139 149

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ  за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец 170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во студио дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62 мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 15 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио / апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Just Travel НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Just Travel“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Време на поаѓање

Превоз:

  • За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45евра)
  • За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Импала“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Место на поаѓање:
  • Скопје – хотел ‘Russia’
  • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
  • Велес - БП Макоил
  • Неготино – БП Макпетрол Неготино
  • ГП Богородица