Destination

icons
Ноќевања
Лето 2027 7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Атос (трет крак), Грција, Јерисос

Куќа “Kostas”- Јерисос

Координати 40.40033, 23.87954

20 % попуст на вонсезонски цени и 25 % попуст на сезонски цени за резервации заклучно со 05.12.2026 (сабота) за 50% уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 06.02.2027 (сабота)

 

 

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите и многу познати плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…

Куќа “Kostas” се наоѓа на одлична локација на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, а во многу мирен дел. Куќата располага со високо квалитетни апартмани и дуплекс апартман. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман. Куќата е добро позната кај нашите патници, бидејки е повеќе сезони во нашата понуда.

Дуплекс апартман број 1A (дуплекс1/4 + 2) – приземје, простран дуплекс. Дуплекс апартманот има две спални соби со брачен кревет. Дневна со софа на пуштање, опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет, како и тераса со маса и столови.

Апартман број 2А (1/3+2) – приземје, простран апартман. Има многу голема тераса за која има и сопствен влез со поглед на улица. Има спална со брачен кревет и во кујна уште еден стандарден кревет (наменет за две деца или еден возрасен) и плус кревет со помали димензии . Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.).

Апартман број 3А (1/4 ) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица. Има спална со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен) и плус софа на пуштање. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.

Апартман број 1Б (1/3 + 1)– прв кат, голем простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море. Има спална соба со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.

Апартман број 2Б (1/3 + 1)– прв кат, голем простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море. Има спална соба со брачен кревет и кујна со помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.

  1. Вонсезонски цени
Термин Ноќевања Aпартмани

(1Б и 2Б) задолжително плаќаат 3 лица

Aпартмани

(2A и 3A) задолжително плаќаат 3 лица

Дупл. апартман (бр.1A)

задолжително плаќаат 4 лица

13/06–20/06 7 239 249 199
20/06-27/06 7 249 259 219

          * цена по лице со вклучен превоз

 

  1. Сезонски цени
Термин Ноќевања Апартмани (1Б и 2Б) Апартмани (2A и 3А) Дуплекс апартман (1А)
27/06-04/07 7 819 859 899
04/07-11/07 7 899 939 979
11/07-18/07 7 949 989 1.049
18/07-25/07 7 949 989 1.049
25/07-01/08 7 999 1.039 1.099
01/08-08/08 7 999 1.039 1.099
08/08–15/08 7 999 1.039 1.099
15/08–22/08 7 949 989 1.049
22/08-29/08 7 949 989 1.049

* цена за наем на дуплекс апартман или апартман

 

  1. Вонсезонски цени
Термин Ноќевања Aпартмани

(1Б и 2Б) задолжително плаќаат 3 лица

Aпартмани

(2A и 3A) задолжително плаќаат 3 лица

Дупл. апартман (бр.1A)

задолжително плаќаат 4 лица

29/08–05/09 7 249 259 219
05/09–12/09 7 229 239 199
12/09-19/09 7 159 169 149
19/09–26/09 7 119 129 119

* цена по лице со вклучен превоз

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ  за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ ВО.
  • Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица, а во дуплекс апартман 4 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62 мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 50% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 15 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата  во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Just Travel НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Just Travel“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервација.

Време на поаѓање

  • Превоз:
    • За возрасни 3.720 мкд. (60 евра), еден правец 2.790 мкд. (45евра)
    • За деца до 12 години 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
    • Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
    • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
    • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
    • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Just Travel“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
    • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
    • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
    Место на поаѓање:
    • Скопје – хотел ‘Russia’
    • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
    • Велес - БП Макоил
    • Неготино – БП Макпетрол Неготино
    • ГП Богородица