Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Касандра (Прв Крак), Неа Флогита

Куќа Вики – Неа Флогита

22 % попуст на целата понуда за резервации заклучно со 07.03.2026 (сабота) за 50 % уплата веднаш при резервација и целосна доплата заклучно со 04.04.2026 (сабота)

 

Куќа “Vicky” е лоцирана на неколку минути од центарот на Неа Флогита, на само 50 метри од прекрасната плажа, на одлична локација, а во многу мирен дел од местото. Располагаме со 3 четирикреветни квалитетни дуплекс апартмани на високо приземје, прв кат и втор кат. Секој дуплекс апартман располага со комплетно опремена реновирана кујна, ТВ и сопствени тоалети. Wi-Fi, клима уредот и сет пешкири се вклучени во цената. Дуплексите имаат сопствени 2 тераси со комарници, опремени со маса и столови. Паркингот е пред куќата. Во близина на куќата има маркети, ресторани, таверни.

1/4 дуплекс апартман бр. 1 – високо приземје. Простран дуплекс апартман кој располага со три посебни простории: 2 одвоени спални соби, од кои во едната има брачен кревет, а во другата 2 стандардни единечни кревети и од двете спални соби се излегува на сопствена тераса. Одвоена опремена кујна со сите потребни елемнти (голем фрижидер, голем шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.) и сопствен реновиран тоалет со туш. Опремен е со квалитетен реновиран мебел за лето 2026, 2 клима уреда, ТВ, Wi-Fi.

1/4 дуплекс апартман бр. 2 – прв кат. Простран дуплекс апартман кој располага со три посебни простории: 2 одвоени спални соби, од кои во едната има брачен кревет, а во другата 2 стандардни единечни кревети и од двете спални соби се излегува на сопствена тераса. Одвоена опремена кујна со сите потребни елемнти (голем фрижидер, голем шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.) и сопствен реновиран тоалет со туш. Опремен е со квалитетен реновиран мебел за лето 2026, 2 клима уреда, ТВ, Wi-Fi.

1/4 дуплекс апартман бр. 3 – втор кат. Простран дуплекс апартман кој располага со три посебни простории: 2 одвоени спални соби, од кои во едната има брачен кревет, а во другата 2 стандардни единечни кревети и од двете спални соби се излегува на сопствена тераса. Одвоена опремена кујна со сите потребни елемнти (голем фрижидер, голем шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.) и сопствен реновиран тоалет со туш. Опремен е со квалитетен реновиран мебел за лето 2026, 2 клима уреда, ТВ, Wi-Fi.

 

 

  1. Вонсезонски  цени
Термин Ноќевања 1/4 дуплекс апартман бр. 3                                            

задолжително плаќаат 4 лица

1/4 дуплекс апартман бр. 1 и бр. 2

задолжително плаќаат 4 лица

17/05-24/05 7 65* 65*
24/05-31/05 7 89* 89*
31/05-07/06 7 119 129
07/06-14/06 7 129 139
14/06-21/06 7 149 159
21/06-28/06 7 169 179

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице

Цените означени со * се ПРОМО цени за 30% уплата на аконтација веднаш и целосна доплата најдоцна до 10 дена пред термин на патување, на истите не следува попуст и не се одбива превоз

 

  1. Сезонски  цени
Термин Ноќевања 1/4 дуплекс апартман бр. 3                                              

1/4 дуплекс апартман бр. 1 и бр. 2

 

28/06-05/07 7 669 729
05/07-12/07 7 719 779
12/07-19/07 7 769 849
19/07-26/07 7 769 849
26/07-02/08 7 829 899
02/08-09/08 7 829 899
09/0816/08 7 829 899
16/0823/08 7 769 849
23/0830/08 7 769 849

Цените во табелата се однесуваат за наем на мезонет за 7 ноќевања без превоз

 

  1. Вонсезонски  цени
Термин Ноќевања 1/4 дуплекс апартман бр. 3                                            

задолжително плаќаат 4 лица

1/4 дуплекс апартман бр. 1 и бр. 2

задолжително плаќаат 4 лица

30/0806/09 7 169 179
06/0913/09 7 139 149
13/0920/09 7 119 129
20/0927/09 7 79* 79*

Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице

Цените означени со * се ПРОМО цени за 30% уплата на аконтација веднаш и целосна доплата најдоцна до 10 дена пред термин на патување, на истите не следува попуст и не се одбива превоз

 

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ :

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА МЕЗОНЕТ ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ
  • Во вонсезонските цени во мезонет плаќаат минимум 2 лица.
  • Во мезонет дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можeда се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио / апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Just Travel НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Just Travel“ и на самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже  аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Време на поаѓање

  • За возрасни 3.100 мкд. (50евра), еден правец 2.480мкд. (40евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште

Превоз:

  • Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување. Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Импала“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
  • Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање и истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
  • Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Место на поаѓање:
  • Скопје – хотел ‘Russia’
  • Куманово – БП Макпетрол (автопат)
  • Велес - БП Макоил
  • Неготино – БП Макпетрол Неготино
  • ГП Богородица

Pellentesque accumsan magna in augue sagittis, non fringilla eros molestie. Sed feugiat mi nec ex vehicula, nec vestibulum orci semper. Class aptent taciti sociosqu ad litora torquent per conubia nostra, per inceptos himenaeos. Donec tristique commodo fringilla.