Destination

icons
Ноќевања
3 дена

Лутраки 8 Март

Пожарско или на грчки Лутраки е село во Мегленско односно во Егејска Македонија. Под името Пожар тоа било познато до 1922 година. Пожарско се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во зелените делови на планината Кајмакчалан, на само 13 километри од градот С’ботско. Лутраки е претставен како дар од природата кој е опколен со бујна вегетација, бројни манстири, потоци, а најпознати од се се топлите бањи. Топлите бањи се со температура на водата од 37 до 38 степени Целзиусови. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од ревма, ишијас, бронхит, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулаторни и респираторни нарушувања.

Големиот базен зафаќа површина од 25м ширина и 50м должина, а помалите се длабоки само 1м и долги околу 10м, широки 30м и е совршен за сите возрасни групи.

Посетете го ова живописно место кое изобилува со прекрасна природа и многубројни природни водопади кои ќе го направат вашиот престој незаборавен! Уживајте во бањите со термална вода со кои изобилува Лутраки – вистински бисер на природата!

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: € 120/ 7440 денари за уплата до 31.01.

26 РЕДОВНА ЦЕНА : € 130 / 8060 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
  • Разглед и шопинг во Солун
  • Сместување во Хотел 3* (Галаксиум/Паладиум)
  • Две ноќевања со појадок
  • Посета на Воден и водопадите
  • Туристички пратител за време на патувањето од агенцијата
  • Туристичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Здравствено патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативна вечера со музика во таверна (минимум 25 лица, пријавување при резервација)
  • Влезница за базените 3 евра (се плаќа при влез)
  • Напомена: Рок за пријавување до 25 февруари 2026 г.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум 40 патници
  • Со оваа програма важат општите услови на патување на ТА Just Travel

Време на поаѓање

1 ден 06.03.2026 (петок)

Состанок на групата во 04:15 часот кај судот во Кочани. Поаѓање за Грција во 04:30 часот. Попатно, преземање на патниците од Штип, Велес, Скопје, Неготино и Гевгелија. Се патува преку граничниот премин Богородица. Пристигнување во Солун, во претпладневните часови. Одмор и слободно време за индивидуални активности и шопинг. Тргнување за Лутраки во попладневните часови. Пристигнување и сместување во Хотел. Одмор и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Појадок. Посета на познатите бањи со топла вода кои се идеални за бањска терапија. Можност за уживање во минералните води на отворените базени. Слободно време за индивидуални активности. Навечер, прослава на денот на жената со вечера со жива музика во таверна. Ноќевање.
Појадок. Посета на градот Воден со прекрасните Водопади – Катаракти. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.