Destination

icons
Ноќевања
7 Ноќевања
icons
Вид на превоз
Автобуски
Сопствен
Грција, Лефкада, Острови

Вила Афродити- Нидри

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој  се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името;  сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја.. Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едриличари.

Вила Афродити Б кат. – Нидри – на самиот брег, 300 метри од плажа, во непосредна близина на центарот, многуте таверни и шеталиштето, уреден двор со зеленило и мала пицерија, рецепција, прикладни места за паркирање во близина со обезбедување и плаќање (бесплатно паркирање малку подалеку). Студијата се опремени со мали кујни, тоалет, ТВ, клима ВКЛУЧЕНА во цена, тераси, чистење на апартманите на 3 дена. Студиата се со традиционален дизајн , со различна големина , некои се со поглед на море.

Климата е ВКЛУЧЕНА во цена.

Лефкада – островот со најубави бои
Попусти за рана уплата: -20% до 30/11/2025  -15% до 31/12/2025  -10% до 28/02/2026
За запазување на попуст е потребна уплата 30%,
а остатокот спрема табелата за попусти.
Вила Афродити Б кат – Нидри 1/2 студио GW 1/2 студио SV 1/4 студио (4 лица)
Термин/Услуга 7 наем 7 наем 7 наем
27.05.-03.06.2026 149 159 189
03.06.-10.06.2026 169 179 199
10.06.-17.06.2026 249 269 299
17.06.-24.06.2026 319 339 369
24.06.-01.07.2026 379 399 419
01.07.-08.07.2026 399 419 449
08.07.-15.07.2026 439 459 499
15.07.-22.07.2026 499 529 569
22.07-29.07.2026 499 529 589
29.07-05.08.2026 499 529 589
05.08.-12.08.2026 499 529 589
12.08-19.08.2026 499 529 589
19.08-26.08.2026 479 499 549
26.08.-02.09.2026 399 419 469
02.09.-09.09.2026 319 339 389
09.09.-16.09.2026 269 289 309
16.09.-23.09.2026 199 219 239
23.09-30.09.2026 129 149 169
Цените се дадени за наем на студио 7 ноќи во Еур за уплата во МКД.
Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети)
освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
Климата е ВКЛУЧЕНА во цена.
Автобуски превоз 60 Еур возрасни Битола.
Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена.
За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст.
Попустите не може да се комбинираат.
Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст.
Туристичката такса се плаќа на лице место.
 Важат Општите услови за патување на СКТМ.

Време на поаѓање

Автобуски превоз 60 Еур возрасни Битола.
Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп.
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена.
Време на заминување од Грција: (времињата се по GR време) Агиос Никитас 13.30 часот Нидри 14.00 часот Никиана 14.30 часот Канали 15.00 часот Врахос 15.30 часот Амудиа 16.00 часот Парга 16.30 часот