Villa Filipos се наоѓа во непосредна близина на главната улица која од централниот дел на Лептокарија води до главното шеталиште и плашата на ова познато туристичко место. На оддалеченост од само педесетина метри од градската плажа, во нејзино опкружување се наоѓаат и мноштво продавници, ресторани, маркети и пекари потребни за организирање на соодветен летен пресој. Во состав на вилата се вбројуваат десетина студија за поединечен комфорен престој на 3 или 4 лица. Секоја единица е опремена со сопствена кујна, тоалет, тераса, како и ТВ и клима. Вилата е целосно реновирана во текот на 2020 година и е еден од најквалитетните објекти од нашата летна понуда за сместување во студија и апартмани во Грција.
* Објектот е “pet friendly” и прима мали миленичиња, со претходна најава и одобрување од сопственикот на објектот.
| рестој во термин: | Услуга (7 ноќевања) | STD 1/2 + exb (3 лица) |
STD LB 1/2 + еxb (3 лица) |
STD 1/3 + exb (4 лица) |
STD LB 1/3 + exb (4 лица) |
| 24.05 – 31.05.2026 | 7 | 153 € | 157 € | 164 € | 168 € |
| 31.05 – 07.06.2026 | 7 | 199 € | 205 € | 214 € | 220 € |
| 07.06 – 14.06.2026 | 7 | 239 € | 246 € | 256 € | 263 € |
| 14.06 – 21.06.2026 | 7 | 287 € | 295 € | 307 € | 316 € |
| 21.06 – 28.06.2026 | 7 | 314 € | 323 € | 337 € | 346 € |
| 28.06 – 05.07.2026 | 7 | 346 € | 356 € | 371 € | 381 € |
| 05.07 – 12.07.2026 | 7 | 381 € | 392 € | 408 € | 419 € |
| 12.07 – 19.07.2026 | 7 | 399 € | 411 € | 428 € | 440 € |
| 19.07 – 26.07.2026 | 7 | 439 € | 452 € | 471 € | 483 € |
| 26.07 – 02.08.2026 | 7 | 483 € | 497 € | 518 € | 532 € |
| 02.08 – 09.08.2026 | 7 | 483 € | 497 € | 518 € | 532 € |
| 09.08 – 16.08.2026 | 7 | 483 € | 497 € | 518 € | 532 € |
| 16.08 – 23.08.2026 | 7 | 460 € | 473 € | 493 € | 506 € |
| 23.08 – 30.08.2026 | 7 | 418 € | 430 € | 448 € | 461 € |
| 30.08 – 06.09.2026 | 7 | 381 € | 392 € | 408 € | 419 € |
| 06.09 – 13.09.2026 | 7 | 346 € | 356 € | 371 € | 381 € |
| 13.09 – 20.09.2026 | 7 | 289 € | 297 € | 309 € | 318 € |
| 20.09 – 27.09.2026 | 7 | 222 € | 229 € | 238 € | 245 € |
| Престој во термин: | Услуга (7 ноќевања) | STD 1/2 + exb (3 лица) |
STD LB 1/2 + еxb (3 лица) |
STD 1/3 + exb (4 лица) |
STD LB 1/3 + exb (4 лица) |
| 24.05 – 31.05.2026 | 7 | 117 € | 119 € | 122 € | 124 € |
| 31.05 – 07.06.2026 | 7 | 140 € | 143 € | 147 € | 150 € |
| 07.06 – 14.06.2026 | 7 | 160 € | 163 € | 168 € | 172 € |
| 14.06 – 21.06.2026 | 7 | 184 € | 188 € | 194 € | 198 € |
| 21.06 – 28.06.2026 | 7 | 197 € | 202 € | 209 € | 213 € |
| 28.06 – 05.07.2026 | 7 | 213 € | 218 € | 226 € | 231 € |
| 05.07 – 12.07.2026 | 7 | 231 € | 236 € | 244 € | 250 € |
| 12.07 – 19.07.2026 | 7 | 240 € | 246 € | 254 € | 260 € |
| 19.07 – 26.07.2026 | 7 | 260 € | 266 € | 276 € | 282 € |
| 26.07 – 02.08.2026 | 7 | 282 € | 289 € | 299 € | 306 € |
| 02.08 – 09.08.2026 | 7 | 282 € | 289 € | 299 € | 306 € |
| 09.08 – 16.08.2026 | 7 | 282 € | 289 € | 299 € | 306 € |
| 16.08 – 23.08.2026 | 7 | 249 € | 277 € | 287 € | 393 € |
| 23.08 – 30.08.2026 | 7 | 231 € | 255 € | 264 € | 282 € |
| 30.08 – 06.09.2026 | 7 | 213 € | 236 € | 244 € | 250 € |
| 06.09 – 13.09.2026 | 7 | 185 € | 218 € | 226 € | 231 € |
| 13.09 – 20.09.2026 | 7 | 185 € | 189 € | 195 € | 199 € |
| 20.09 – 27.09.2026 | 7 | 151 € | 155 € | 159 € | 163 € |
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши
по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од
вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална
опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.) Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање: - Скопје, во 06:00 ч. (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски") - Велес, во 06:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија) - Неготино, во 07:00 ч. (бензиска пумпа "Макпетрол") - Смоквица, во 07:30 ч. (бензиска пумпа "BWO петрол") - Гевгелија, во 08:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин) Поаѓање од Грција: - Истиот ден попладне. - Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. - Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж. - Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. - Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.