Вила Armenos elegance apartments се наоѓа во Јерисос на 50 метри од градската плажа, во мирен дел на градот. Вилата располага со четворокреветен мезонет апартман, петокреветен мезонет апартман со дополнително легло и шестокреветен апартман со можност за сместување на максимум 6 возрани и 2 деца. Собите се луксузно опремени со нов мебел и во секоја од нив има комплетно опремена кујна, клима (вклучена), wi-fi,сопственo купатило опремено со сите средства за лична хигиена, пешкири,фен и тераса. Паркинг на 20 мерти од вилата.
🔥 50% ПОПУСТ ЗА АПАРТМАНСКО СМЕСТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА
Промоцијата важи само на 11.11.2026 од 09.00 до 18.00 часот
Попустот се пресметува исклучиво на сезонските цени.
Плаќање и резервација:
За потврда на резервацијата, задолжителна е целосна уплата на износот со пресметан попуст.
Усни резервации не се прифаќаат.
Важи принципот „Прв дојден, прв услужен“.
Бројот на апартмани е ограничен.
По потврдувањето на резервацијата, не е дозволена промена на терминот на престојот или на името на патникот.
Услови за отказ:
При отказ на аранжманот повеќе од еден месец пред поаѓањето (до 30дена), се задржуваат 10% од вредноста на аранжманот како трошок за отказ, односно не се применуваат стандардните услови објавени на ВЕБ страната.
| Термин | Ноќевања | 1/4 апп | 1/5 апп |
| 02.05 | 7 ноќи | 200 € | х |
| 09.05 | 7 ноќи | 250 € | х |
| 16.05 | 7 ноќи | 300 € | х |
| 23.05 | 7 ноќи | 370 € | х |
| 30.05 | 7 ноќи | 390 € | 590 € |
| 06.06 | 7 ноќи | 490 € | 790 € |
| 13.06 | 7 ноќи | 590 € | 890 € |
| 20.06 | 7 ноќи | 690 € | 990 € |
| 27.06 | 7 ноќи | 790 € | 1090 € |
| 04.07 | 7 ноќи | 900 € | 1290 € |
| 11.07 | 7 ноќи | 1000 € | 1390 € |
| 18.07 | 7 ноќи | 1190 € | 1490 € |
| 25.07 | 7 ноќи | 1190 € | 1490 € |
| 01.08 | 7 ноќи | 1190 € | 1490 € |
| 08.08 | 7 ноќи | 1190 € | 1490 € |
| 15.08 | 7 ноќи | 1190 € | 1490 € |
| 22.08 | 7 ноќи | 1090 € | 1490 € |
| 29.08 | 7 ноќи | 790 € | 1290 € |
| 05.09 | 7 ноќи | 690 € | 1090 € |
| 12.09 | 7 ноќи | 590 € | 890 € |
| 19.09 | 7 ноќи | 490 € | 590 € |
| 26.09 | 7 ноќи | 300 € | х |
НАПОМЕНИ:
ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.